ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ќе организира референдум

Алијанса за Албанците ќе организира референдум

Освен отворено изразената намера за проширување на владината коалиција, премиерот Ковачевски нема конкретна иницијатива или рок кога евентуално ќе се случи ова проширување. По случувањата викендов со партиската организација на Алијанса, шефот на владата Ковачевски не кажа ниту збор, дали токму за ова проширување добил поддршка и овластување од СДСМ.

„Не сме имале конкретни разговори за програмските и кадровските детали. Ако влеземе во преговори, тогаш нормално ќе се консултираме и ќе разговараме со сегашните коалициски партнери во владата, исто како што разговаравме со коалициските партнери кога Алтернативата дојде во влада“, рече Димитар Ковачевски, премиер.

Од ставот на Алијанса за Албанците ден претходно се дознава дека чекаат и конкретна понуда од премиерот. Дури велат дека ќе бидат потребни неколку дена за да се формира преговарачки тим за модалитетите и позициите на новата албанска партија во коалицијата.

„Во текот на неделата ќе се одржи состанок на претседателството на партијата на кој ќе се формира комисија за разговори со Владата. Потоа ќе се организира референдум во ограноците и ќе се бара мислење од локалните структури“, велат од Алијанса за Албанците.

Алијанса и Ковачевски и претходно имаа средби, дел лидерски, а дел на други партиски нивоа, а за ресорните позиции се разговара веќе речиси два месеца. Според нашите претходни известувања, Алијанса би имала по едно министерство кое би го отстапиле и СДСМ и ДУИ и Алтернатива, додека викендов се шпекулираше и за директорски позиции од Алтернатива кои се очекува да го добие Алијанса, како Железници, ПИОМ, Управата за матични книги и Државно правобранителство./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button