ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков и Тачи осудени, ама тешко дека ќе одат во затвор

Мијалков и Тачи осудени, ама тешко дека ќе одат во затвор

Основниот суд во Скопје денеска по втор пат ја објави пресудата за случајот „Титаник 2“. Предметот е за изборни нерегуларности во кои главни обвинети се поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Иако денеска сите обвинети беа прогласени за виновни, споредено со пресудата од 2019 година, овој пат судот одлучи да им ја намали затворската казна на сите обвинети, вклучително и з поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков, за лидерот на ДПА Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и Анета Стефановска, Влатко Шајковски и Сашо Срцев се осудени на по две години затвор.

Јавниот обвинител Граврил Бубевски изрази задоволство од пресудата и рече дека нема да се жали, но адвокатот на Сашо Мијалков, најави жалба и очекува случајот да има иста судбина како и пресудата од 2019 година која Апелациониот суд ја укина.

Делото за Мијалков застарува во април, а бидејќи првостепената пресуда ќе биде обжалена, речиси е невозможно целата постапка да заврши пред истекот на овој рок.

Од друга страна, претседателот на ДПА, Мендух Тачи има пратенички имунитет, а за кривични дела за кои не е предвидена казна затвор над 5 години, имунитетот привремено ќе го спаси.

Според обвинението, Сашо Мијалкови, искористувајќи ја својата моќ што ја имал во општеството и блиските односи со лидерот на ДПА во 2013 година, се јавил кај него и го замолил членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласањето на избирачко место во Струмица, иако за тоа немало никаква основа. Тачи му се јавил на Ибраими, а тој гласал како што било договорено./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button