СПОРТФУДБАЛ

Алвеш е избришан од листата на клупски легенди на Барселона

Каталонскиот гигант му го одзема статусот на Дани Алвеш на клупска легенда откако тој и официјално беше осуден за силување. Барселона чекаше судската одлука и официјално да биде донесена за да реагира.

Дани Алвеш е избришан од листата на клупски легенди на Барселона на која партиципираат 102 фудбалери. Жорди Алба, Серхио Бускетс и Жерар Пике се последните кои беа додадени на оваа листа.

Дани Алвеш за Барселона одигра 408 натпревари за осум ипол сезони. Трипати ја освојуваше Лигата на шампионите, шестпати Ла Лига, четирипати Купот на Шпанија, трипати Светското клупско првенство…

Но и покрај сите овие достигнувања, Барселона реши дека поради пресудата за силување, Дани Алвеш не може да биде клупска легенда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button