ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне облачно

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува денеска во претпладневните часови, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидромеоролошки работи (УХМР).

„Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени“, велат од УХМР.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 18 степени“, соопштија од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button