ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбасадори: Понатамошната блокада може да ја дестабилизира Северна Македонија

Новинар Адриан Керими

Advertisements

Разликите меѓу Софија и Скопје полесно би се надминале доколку Македонија има силно дипломатско претставништво во Бугарија. Ова е оценката на словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Предан, кој оценува дека за Скопје е крајно време да испрати амбасадор во Софија. Според него, недостигот на комуникација ги продлабочила разликите меѓу двете земји, што влијаело на формирање на бугарската блокада. Предан оценува дека рокот од шест месеци за изнаоѓање решение е претеран.

„Мислам дека е крајно време Северна Македонија да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека немањето амбасадор и силно политичко претставништво во Софија не помага. Веројатно тоа беше причината што немаше соодветна комуникација меѓу двете земји, но она што сакам да го кажам е дека не треба секој да оди на таа позиција. Во овој момент, на вашата земја и требаат искусни дипломати, кои ќе бидат во секојдневна комуникација со Владата бидејќи тоа е единствениот начин да се дојде до решение и да се скрати времето за да се дојде до него“, рече  Милан Предан, амбасадор на Словенија во Скопје

Од друга страна, француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, оценува дека ЕУ треба да преземе мерки за да спречи дестабилизација на Македонија. Според неа, зеленото светло за преговори не значи членство, туку процес од неколку години низ кој не е лесно да се помине.

„Имаме две цели – да обезбедиме да се изнајдат позитивни патишта за Република Северна Македонија, а не да западне во ситуација која би ја дестабилизирала. Покрај тоа, Бугарија, братска земја и членка на ЕУ, може да го стори тоа за да помогне. Истовремено мора да се заштитат легитимните интереси на Бугарија“, вели Флоренс Робин, амбасадорка на Франција во Бугарија

Изјавите на дипломатските претставници од земјите на ЕУ во Скопје и Софија доаѓаат неколку дена по најавите дека посредништвото на францускиот претседател Емануел Макрон може да биде клучно за надминување на јазот меѓу Македонија и Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button