СПОРТ
Американка Медисон Кејс во финале, против Арина Сабаленка

Американката Медисон Кејс по голема борба успеа да ја совлада полcката тенисерка Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен и славеше со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 7-6/8.
За Кејс ова е историски резултат до кој дојде по подобра игра во тај-брејкот во третиот сет, а мечот траеше 157 минути. Двете тенисерки добија во своја полза по еден сет, а Кис беше особено доминантна во вториот, кој успеа да го заокружи со конечни 6-1.
Швјонтек пружи силен отпор во тај-брејкот, имаше и меч-топка, но американката успеа да освои три поени во низа и го осигура пласманот во финалето, каде ќе се соочи со првата светска тенисерка, Арина Сабаленка.