РЕГИОН
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Соединетите Држави силно го осудуваат „страшниот напад“ на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Соединетите Држави силно го осудуваат „страшниот напад“ на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Соединетите Држави силно го осудуваат „страшниот напад“ на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток во петокот, 29 ноември, и дека, иако сè уште е рано да се знае кој е одговорен, во оваа фаза „ниту една група или држава не смее да биде исклучена“.
Ховениер ова го изјави по средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, кој го повика дипломатскиот кор на Косово за да го информира за најновите информации во врска со нападот, кој Косово го смета за терористички и ја обвинува Србија.
Србија, пак, ги негира сите обвинувања и наведува дека води сопствена истрага за овој случај.