ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Американскиот дипломат Дерек Шолет утре во Скопје

Советникот во американскиот Стејт департмент Дерек Шолет утре ќе престојува во Скопје. Фокусот на неговата посета е борбата против корупцијата. Експерти оценуваат дека доаѓањето на американски експерти за борба против корупцијата, како и изјавите на американските функционери, јасно покажуваат дека состојбата со корупцијата во Македонија е крајно алармантна.

Advertisements

Михајловска додава дека ангажманот на американските партнери покажува дека е дојдено време властите да покажат конкретни резултати.

Посетата на високиот американски функционер беше планирана за декември, но беше откажана поради здравствени причини. Според најавата на американскиот Стејт департмент, Шолет во Скопје ќе дојде со поширока делегација, а потоа ќе ги посети и Приштина и Белград.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button