ВЕСТИСВЕТ

Американци стравуваат од нови бури по смртоносното торнадо во Мисисипи

Полошо време може да биде на пат кон сојузната американска држава Мисисипи, по торнадото што пред два дена однесе најмалку 26 човечки животи.

Предупредувањата ги упати гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, кој рече дека постојат значителни ризици за делот од државата.

Стотици луѓе веќе се раселени како последица на торнадата што ги зафатија и Мисисипи и Алабама во петокот вечерта.

Тоа беше едно од најсмртоносните што го зафатил Мисисипи во последната деценија. Од најмалку 26-те жртви, 25 се во оваа сојузна држава, додека една жртва имаше во Алабама.

Откорнати дрвја, превртени камиони, урнати далноводи беа дел од сликите кои можеа да се видат во овие сојузни држави.

Претседателот Џо Бајден прогласи и вонредна состојба и распореди федерални служби да помогнат во спасувањето и справувањето со последиците во некои од најтешко погодените градови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button