Амнестија за лицата кои ги прекршиле мерките против КОВИД
Амнестија за лицата кои ги прекршиле мерките против КОВИД

Министерството за правда ќе ги амнестира сите лица кои ги прекршиле мерките против Ковид. Станува збор за оние кои не ги платиле казните за непочитување на изолацијата и полицискиот час кои достигнуваа и до 2.000 евра. Министерот за правда Никола Тупанчевски изјави дека ја прифатил ваквата идеја на судството.
Предлог-законот за амнестија е готов и треба што поскоро да помине во собраниските процедури, бидејќи доколку се одложи, тогаш околу 1.000 лица може да завршат во затворите, кои и онака се преполни. Но, на прашањето како министерството или Владата ќе постапат со лицата кои ги платиле казните, министерот Тупанчевски изјави дека не размислувале за тоа.
Статистиката на Министерството за внатрешни работи испратена до Алсaт, вели дека во периодот на пандемија кога имаше голем број ограничувања и полициски час, полицијата изрекла 707 казни за непочитување на мерката изолација и самоизолација.
За лицата ставени во државен карантин, полицијата поднесе кривична пријава против 32 лица.
За неносење маска биле казнети над 200.000 казни за физички лица и 329 за правни.
МВР соопшти и дека во периодот на пандемијата наишле на шест случаи на непочитување на забраната за собирање. За овој прекршок изречени се 87 казни.
707 кривични дела непочитување на мерката ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА
32 кривични пријави за ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН КАРАНТИН
115 кривични пријави за непочитување на мерката ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ
204.632 казни за физички лица и 329 за правни лица ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА
87 лица се казнети поради ГРУПИРАЊЕ (СОБИРАЊЕ)
Мефаил Исмаили