ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За да јава коњи контроверзен про-руски Украинец добил македонско државјанство

За да јава коњи контроверзен про-руски Украинец добил македонско државјанство

Олександар Онишченко, поранешен украински пратеник, бизнисмен и спортист, добил државјанство на С Македонија и покрај тоа што неговата земја го бара со потерница за корупција и поради тоа што Соединетите Американски Држави го санкционирале поради ширење руско влијание на претседателските избори.

Во летото 2016 година, додека беше член на партијата на прорускиот поранешен претседател на Украина, Виктор Јанукович во Парламентот, Онишченко побегнал од Украина откако Јавното обвинителство сакало тој да биде уапсен со обвинение за корупција и перење пари во вредност од над 100 милиони евра. По бегството живеел во Германија и Шпанија. Во јануари 2021 година, Онишченко, како член на руската мрежа за влијание, беше санкциониран од САД за неговото мешање во американските избори и дистрибуција на уредени аудио-снимки од разговори меѓу наводно поранешни американски и украински функционери со цел ширење на лажни обвинувања за корупција во Украина.

Во 2021 година, Онишченко доаѓа во Скопје. Поднел барање за државјанство врз основа на претставување на земјата на меѓународни натпревари со коњи. Агенцијата за млади и спорт дала позитивна оценка и тој ги минал филтрите на сите други институции. Во моментот кога аплицирал, се верува дека имал и руско државјанство. Владата во мај годинава му дозволила да стане граѓанин на Македонија.
Веста прво ја објави истражувачката мрежа Призма.мк, а реагираа опозициските политички партии. Според Антонио Милошоски, Онишченко нема да го промовира спортот, туку ќе го искористи државјанството за да избегне екстрадиција.

Алијансата за Албанците бара Владата да му го повлече државјанството на Украинецот и првите луѓе на институциите кои беа вклучени во донесувањето на одлуката да поднесат оставки.

„Ова е голем скандал со меѓународни последици, кој директно го поткопува режимот на санкции на САД и надворешната политика на ЕУ. Оваа одлука, исто така, му штети на нашиот пат кон членство во ЕУ, бидејќи пораката е дека Северна Македонија претставува место преку која криминалци барани од други земји ги заобиколуваат напорите на нашите сојузници да ги изолираат олигарсите на Путин во услови на руска агресија врз Украина. Освен тоа, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика со таа на ЕУ не значи ништо ако владата носи одлуки кои директно ги поткопуваат санкциите на нашите сојузници“,рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.

Прашани од Алсат да објаснат, од Министерството за внатрешни работи не ни дадоа одговор.
Инаку, едноставно пребарување на Интернет дава десетици вести од светските медиуми кои информираат за блискоста на Онишченко со Русија, како и за обвинувањата на неговата земја Украина за големи злоупотреби на јавни пари./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button