ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АНБ и Агенцијата за спорт молчат за државјанството на Онишченко

АНБ и Агенцијата за спорт молчат за државјанството на Онишченко

Молчат институциите кои дадоа позитивна оценка за доделувањето државјанство на олигархот и поранешен украински политичар Олександар Онишченко. Алсат упати прашања до Агенцијата за национална безбедност, преку која одат сите барања за државјанство. Од таму не појаснуваат како лице кое било на листата непожелни личности за Соединетите Американски Држави поради неговото влијание на претседателските избори, вклучен во руската мрежа на влијание, близок до Москва и кој побегнал од својата земја поради сомневања за перење пари со вредност од над 100 милиони евра, успеал да ги помине филтрите на АНБ и да добие позитивна оценка како личност со чиста биографија и достојна за македонско државјанство.

Прашања испративме и до Агенцијата за млади и спорт. Оваа институција дала позитивно мислење за Онишченко врз основа на посебниот национален интерес за спортот, односно да ја претставува државава во коњички спортови. Дали биле свесни за неговото контроверзно минато, ја прашавме Агенцијата за млади и спорт, исто како и дали Онишченко има успех со кој оваа институција би ја оправдала позитивната оценка што му ја дала? Но, ниту од оваа Агенција не ни стигна никаков одговор.
Одлуката за доделување државјанство на Онишченко ја донела Владата во мај пролетва. Министерот за внатрешни работи ја тргна одговорноста од себе.

Во меѓувреме премиерот Ковачевски најави преиспитување на случајот. Сè додека никој не презема одговорност, опозицијата смета дека прстот треба да биде вперен кон директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Тој е пред крај од мандатот и чека да биде испратен на нова функција, амбасадор во Париз./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button