Анкетите покажуваат дека мнозинството Германци сакаат предвремени избори
Последната анкета покажа дека мнозинството Германци сега се за предвремени избори бидејќи задоволството од работата на германската влада достигна ново ниско ниво.
Според истражувањето спроведено од јавниот сервис ARD-Deutschlandtrend меѓу 1.333 испитаници, 54 отсто од испитаниците поддржуваат предвремени избори, додека 41 отсто сакаат коалицијата да опстане до редовниот датум на избори на крајот на септември 2025 година.
Задоволството од владата, која ја сочинуваат социјалистите (СПД), Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените) и која е на функција од 8 декември 2021 година, континуирано се намалува од април 2022 година, а сега дури 85 отсто од Германците се незадоволни од нејзината работа, додека само 14 отсто позитивно ја оценуваат нејзината работа, пренесе Дојче веле.