Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, истакна дека Северна Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ и одржува високо ниво на амбиција да се придвижи кон пристапните преговори, но за да го унапреди процесот треба да ги усвои уставните измени, со цел, како што кажа, да ги вклучи граѓаните коишто живеат во границите на државата и кои се дел од други народи како што се Бугарите, а на што се согласи дека ќе го направи.
Според него, во извештајот на ЕУ има поинаква структура со цел да може полесно да се чита, па оттаму Преспанскиот договорот и Договорот за добрососедство и пријателство се наоѓаат од првата страница на Извештајот со ЕУ.
-И да, ќе ја добиете нашата поддршка. Како одговор би сакал да кажам дека има поинаква структура во извештајот за земјата со цел да може полесно да се чита и е покус и секако сите 120 препораки се споменати однапред, а тука е и овој дел. Не постои друга причина, се работи само за тоа сите да се фокусираат на суштинските елементи каде што ние ги даваме препораките за да може полесно да се чита и потоа сите да преминат на другите страници за да видат што всушност сме анализирале. Секако, не треба да се каже дека добрососедските односи, регионалната соработка остануваат како суштински елемент од процесот на проширувањето, рече Рокас.