ВЕСТИЗДРАВСТВО

Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе разгледува документација

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Според деловникот, членовите на Комисијата имаа 30 дена за распит на сведоци, а сега започнуваат предвидените 30 дена за разгледување документација.

Ќе се дискутира по стенограмите и изјавите, документацијата, архивскиот материјал доставен од Клиниката, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за лекови и медицински средства – „МАЛМЕД“, изјави за МИА Рашела Мизрахи, претседателка на Анкетната комисија.

По расправата за документацијата, Комисијата треба да донесе формални заклучоци.

Останува, како што рече Мизрахи, барањето за продолжување на рокот на работата на Комисијата заради продлабочување на истрагата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button