ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупционерите го анализираат договорот со „Бехтел и Енка“

Антикорупциската комисија со голем тим и под полна пареа го анализира договорот за изградбата на Коридорите 8 и 10-д на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска изјави дека за сеопфатна анализа се поделени задачи на голем број на советници во Комисијата, од кои дел ја анализираат јавната набавка, додека друг дел за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.

„Сѐ е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме“, рече Ивановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button