ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупционерите: „Власта не се бори против корупцијата!“

Антикорупционерите: „Власта не се бори против корупцијата!“

Власта не сака да ја отстрани корупцијата од својот двор. Ова најдобро се докажува со постапките на Владата, тврдат од Комисијата за спречување на корупцијата. На прашањето како ги оценуваат постапките на Владата за борбата против корупцијата, членот Горан Трпеновски вели дека постапките на Владата во оваа насока се нула. Не може да се очекува против корупцијата да се борат оние кои ја генерираат.

За недостигот на волја кај власта за борба против корупцијата сведочат извештајот за спроведување на националната стратегија, која е имплементирана само 10%, како и извештаите за непокренување на активности за иницијативи каде што имало докази за законски прекршувања.
Игнорирањето на барањата и извештаите на Антикорупциска и Државниот завод за ревизија, според членот на Антикорупциска, Владимир Георгиев, докажува дека Владата само декларативно се вклучува во борба против корупцијата.

Антикорупциската комисија досега има покренато многу иницијативи до Обвинителството за кривично гонење на владини функционери. Документирани се сомнежи за злоупотреби на струшкиот градоначалник Мерко, за тендерот за МНР вреден 1,8 милиони евра за фирмата „Еуровиа“ која е донатор на ДУИ. Антикорупциска иницираше Владата да побара одговорност и од вицепремиерот Артан Груби за злоупотреба на канцелариите на министерството за партиски активности, како и случај за министерот за надворешни работи Бујар Османи, за кој, врз основа на различни извештаи, беше заклучено дека покрај користењето на службени автомобили за партиски активности, немало докази ниту за потрошените пари за гориво за автомобилите на Министерството.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button