ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридското езеро како подводна депонија за фрижидери, плочки, мебел…

Охридското езеро како подводна депонија за фрижидери, плочки, мебел...

Најразновиден отпад секој ден завршуваат на дното на Охридското езеро. Несовесни граѓани фрлаат сè што им пречи, од пластика, до автомобилски гуми и стар мебел. Нуркачките клубови предлагаат да се постави видео-надзор на неколку локации долж целото езеро за преку откривање на сторителите и пишување на казни, да се намали ваквата негативна еколошка појава.

„..Езерото го загадуваат охриѓани, не го загадуваат други гости. Најголеми причинители се тие од Охрид. Машина за перење нема да донесе некој од Скопје да фрли…“, изјави Горан Балев-клуб за подводни дејности „Охрид“

Нуркачите досега организирале повеќе од 30 акции за чистење на езерското дно.

„Долги години слушаме за такви мониторинзи, но досега немаме некои резултати. Сметате дека е повеќе од потребно? Неопходно е. Најчесто критични места каде има цврст отпад во Охридското езеро, се погусто населените места, селата и малите населби се особено критични. Клубот за подводни дејности секоја година организира акции за чистење на дното на езерото дали пред или после летната сезона“, рече Орце Ѓерасимовски-меѓународен нуркачки инструктор.

Само за време на последната акција собрале повеќе од 150 килограми цврст отпад.

„Ние се трудиме да алармираме за алармантната состојба во Охридското езеро од цврст отпад. Како што знаете – од шпорети, гарнитури, фрижидери. Секаков отпад. Најмногу среќаваме градежен шут, плочки од купатило врзани во вреќа и така фрлени во езерото“, нагласи Орце Ѓерасимовски-меѓународен нуркачки инструктор.

Еколозите и нуркачите велат дека за да се ркене свесноста за овој еколошки проблем потребна е општа поддршка и од граѓаните и од институциите, но потребни се и високи парични казни.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button