ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Директорката на Академијата за судии го прекршила законот за корупција и судир на интереси

Антикорупциска не се откажува од иницијативата против Академијата на судии и јавни обвинители, бидејќи во предизборната кампања прифатила 130 слушатели или потенцијални кандидати за судии и обвинители.

Антикорупциска бара директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска, како и Управниот одбор на Академијата да одговараат за прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и Изборниот законик.

„Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива“, наведуваат од ДКСК.

Ваквата одлука доаѓа откако кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова за време на изборната кампања поднесе претставка до Антикорупциска дека се прекршени изборните правила со приемот на 130 слушатели.

Тогаш Антикорупциска донесе решение со кое ја задолжи Академијата да ја прекине постапката, но Академијата не застана и ја тужеше Антикорупциска до Управниот суд, бидејќи обуките на Академијата не се класични вработувања.

Управниот суд пресуди во корист на Академијата и го врати предметот во Антикорупциска, која повторно инсистира дека со прифаќањето на овие кандидати се прекршени изборните правила.

ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека пеку Академијата се вработуваат блиски роднините на партиите на власт.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button