ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Договорен е пакетот на поделба на ресори меѓу ВРЕДИ и ВМРО

Во договорениот пакет на коалицијата Вреди за формирање на новата Влада се вклучени претседател на Собранието, прв вицепремиер, шест министри, седум заменици министри и околу 400 агенции и управи. Според извори од преговарачките групи, на чело на законодавниот дом се очекува да биде предложен Африм Гаши. Прв вицепремиер ќе биде Изет Меџити, а вицепремиер за евроинтеграции кадар на  Алтернатива. Оваа партија ќе има и двајца заменици министри,  за образование и во Министерството за односи меѓу етничките заедници., Демократското движење на Изет Меџит, покрај првиот вицепремиер, ќе ги има и Министерството за екологија и двајца заменици министри во Министерството за внатрешни работи и во транспорт и врски.

Движењето Беса ќе има две министерства, Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика. Партијата на Билал Касами, кој одлучи да го задржи мандатот како прв човек на Тетово, ќе има и заменик министер за култура.

Двајца министри ќе има и Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари. Министерство за здравство и министерство без ресор. Огранокот на Таравари ќе има и заменик министер за одбрана и земјоделство. Арбен Таравари не ја исклучи можноста тој самиот да го води Здравството, но рече дека се уште не е дефинитивно. Во следните 24 до 48 часа се очекува официјализирање на договорот ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијанса ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменици министри, како и двајца државни секретари, и тоа заменик министерот за одбрана и заменик министер за земјоделство. Државен секретар за здравство и уште еден на кој сега не се сеќавам“. Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“, рече Таравари.

Неофицијално се дознава дека почнале преговори и со партијата на Максим Димитриевски. Се дознава дека ЗНАМ побарала 3 министерства и места во 200 управи, но ваквото барање, неофицијално се тврди дека било одбиено од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button