ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се уриваат бариерите меѓу женски и машки професии

Веќе нема посебни професии за мажи и жени, сега и жените работат како занаетчии. Има дури и столари. Од занаетчиската комора велат дека веќе немаме поделба на професии, а најголемите проблеми со кои се соочуваат жените-претприемачи се огромните административни обврски со кои треба да се справат при водење бизнис.

„Верувам дека жените не се доволно охрабрени да бидат независни, па со помош на нашата мрежа сакаме да им овозможиме практични совети. Жените се повнимателни кога одлучуваат да започнат сопствен бизнис, за разлика од мажите кои полесно го прават тоа. Но, жените кои а ќе го надминат овој предизвик за да започнат бизнис, потоа ќе им биде многу полесно од мажите да ја развијат својата активност“, рече Ралф Хелери, директор на Занаетчиската комора во Германија.

Меѓу 30-те претприемачи кои денеска добија сертификати беше и Шпреса Сеилими.

„Ова е многу важно за мене лично но и за идните генерации, инаку како ментор имам и многу ученички, кои ќе гледаат пример дека секоја жена може да постигне многу“, рече Шпреса Селими, Make UP артист.

„Со текот на времето, сите бариери паѓаат и жените се поуспешни во деловните работи и постигнуваат успех. Тоа е и помошта на централната и локалната власт која ги поддржува „Старт ап“ бизнисите, кои за некого се ситни пари 3-4 илјади евра, но за мал бизнис тоа е поттик кој помага да се направи првиот чекор“, вели Зејџане Целина, претприемач.

Конференцијата е во рамките на проектот „Поддршка на женското претприемништво за земјите од Западен Балкан и Украина“, поддржана и од Германија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button