ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мемети негира вина во случајот со поткуп

Кривичниот суд Скопје му определи мерки на претпазливост на членот на Советот на обвинители и поранешен Народен правобранител, Иџет Мемети. Тој е второ-осомничен во истрагата на Обвинителството за случајот на врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен како прима поткуп од 10.000 евра за да влијае за олеснување на судскиот процес кој се води против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев,  обвинет за шверц на марихуана.

Судот одлучи на Мемети да му биде одземен пасошот, да му биде забрането да ја напушта државата со лична карта и редовно да се јавува пред суд.

„Денеска дојдовме на покана на судијата на претходна постапка. Ме сослуша и ми одобри мерка на претпазливост. Освен тоа, не сакам повеќе да зборувам, бидејќи во мој и во интерес на јавноста е органите да ја завршат својата работа што е можно поскоро“, рече Мемети.

Мемети пред новинарите негираше дека е вмешан во поткуп.

„Дали имавте видео повик со Наќе Георгиев, на Ватсап?

„Не“.

Дали знаевте дека на 20-ти во 15 часот има состанок во хотел Вип?

„Не, сè  што ќе кажеме можеме да влијаеме на процесот“.

Дали сте биле во претходна комуникација со Наќе Георгиев на оваа тема, за олеснителни мерки за Боро Стојчев?

„Не, ги знам сите обвинители и судии, но за овие работи, з овој случај, за овие работи, никогаш не сум разговарал. Тогаш зошто завршивте овде? Ве молам, да оставиме на органите“, одговараше Мемети.

Инаку, Обвинителството се сомнева дека покрај судијата Наќе Георгиев, кој беше фатен на дело како прима поткуп од 10.000 евра, во шемата бил вмешан и Мемети.

Во моментот кога беше уапсен Георгиев, Мемети не билприсутен, но во извештајот за организиран криминал се вели дека тој водел телефонски разговори и видео повици со Георгиев и синот на Стојчев за да гарантира дека ќе функционира договорот со обвинителството за гонење и изрекување за пониска казна од онаа која ја одредил судот.

За разлика од Мемети, на судијата Георгиев, во вторникот Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button