ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ќе истражува дали градоначалникот Шилегов си склучил договор со својата адвокатска канцеларија

Антикорупциската комисија отвори постапка да испита дали Град Скопје влева пари во адвокатската канцеларија на градоначалникот Петре Шилегов за консултантски услуги. Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, на прес конференцијата појасни дека постапката е отворена по гласините во јавноста дека првиот човек на Град Скопје има потпишано договор со неговата адвокатска канцеларија.

Advertisements

Ивановска појасни дека Комисијата во друг случај утврдила судир на интереси кога Шилегов склучил договор за консултантски услуги со неговите адвокатски канцеларии. Сепак, случајот бил затворен откако Шилегов го раскинал договорот. Антикорупциска комисија оцени и дека е контроверзно назначувањето на Бојан Лазаревски за вршител на должноста директор на Агенцијата за филм. Според членот за борба против корупција, Владимир Георгиев, именувањето е контроверзно затоа што Лазарев исто така е и член на Управниот одбор на оваа Агенција.

Комисијата за спречување на корупцијата соопшти дека наскоро сите носители на јавни функции кои направле прекршувања при изјавување за имотот, ќе добијат известувања за плаќање казни.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button