ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Огромен дел од туристичките водичи не ја добија државната помош од 65.000 денари

Околу 90 отсто од туристичките водичи останаа без поддршка од државата. Не ја добија помошта од неповратни од 65.000 денари, односно три минимални плати со се платен персонален данок од 10 отсто. Бидејќи летоска речиси и да немаше странски туристи туристичките водичи се најпогодени од почеток на пандемијата.

„Преку 1.000 туристички водичи постојат во Македонија. Да им биде помогнато само на 150 мислам дека и не е фер. Од една страна доаѓа до нарушување на односите, намалување на колегијалноста меѓу нас“, рече Климент Наумов, претседател на здружение на туристички водичи од Охрид.

„Останаа маргинални и мислам дека треба државата да им помогне. Некој би рекол, наместо субвенционирање на некој фински или чешки пазар, секоја чест кон тие пазари и ни требаат да дојдат, можеби прво треба да се погрижиме за нашите луѓе“, вели Зоран Тунтев, професор на факултет за туризам.

Наумов вели дека чекајќи државна помош, многумина негови колеги почнале да работат друго. Од Министерството за економија велат дека согласно програмата за поддршка на туризмот, грантовите биле за лиценцирани туристички водичи, односно дејноста ја вршат само како туристички водич.

„На платформата имаше 111 апликации од кои 78 ги исполнија условите и од страна на Министерството за економија добија грант во вредност од 65.000 денари. Факт е дека во РСМ има повеке од 700 водичи регистрирани, но не сите ја обавуваат дејноста и не се сите невработени, односно голем број се вработени во туристички агенции или хотели“, наведуваат од министерството за економија.

Од туристичкиот сектор сметаат дека сите туристички водичи без разлика дали се во редовен или парцијален работен однос, треба да бидат опфатени со четвртиот пакет мерки од државата, ако се знае, дека со претходните мерки тие не добија никаква помош.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button