ЗАБАВА

Исчезната египетска реликвија пронајдена во кутија за цигари

Исчезнатата египетска реликвија стара 5.000 години е пронајдена во кутија за цигари во шкотскиот град Абердин. Артефактот е парче дрво, кој беше еден од трите предмети пронајдени во собата на кралицата на Големата пирамида во Гиза, во 1872 година.

Другите два предмети, топка и јадица, моментално се наоѓаат во британскиот музеј во Лондон. Реликвијата му припаѓала на Џејмс Грант, дипломиран на Универзитетот во Абердин, кој го оставил како наследство на универзитетот по неговата смрт во 1895 година. Асистентката на универзитетот, Абер Еладани, која е Египќанка, го пронашла додека ги разгледувала предметите во универзитетската колекција.

„Јас сум археолог и работев во Египет, но никогаш не замислував дека ќе најдам нешто толку важно тука во Шкотска за наследството на мојата земја“, рече таа.

Се верува дека оваа реликвија е дел од Големата пирамида во Гиза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button