ВЕСТИ

Антикорупциското тело ГРЕКО предлага да се суспендираат пратеници од Парламентот

Дефинирање на случаи на корупција и непотизам кај пратениците и воведување на построги санкции, вклучително и суспендирање од законодавниот дом. Вакви се дел од препораките на мониторинг-телото на Советот на Европа, познато како ГРЕКО, односно Група на држави против корупцијата. Тие ќе бидат вклучени во новиот Водич за етичкиот кодекс за пратениците. Тој ќе биде подготвен од службите на Собранието и ќе биде испратен до спикерот Џафери за да го стави на дневен ред на некоја од пленарните сесии. Опозицијата ќе излезе со став откако ќе го види текстот на новиот водич.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button