ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апликацијата Скај е клучниот канал преку кој полицијата успеала да прибави обемен доказен материјалот за случајот против двајцата пензионирани полицајци

Апликацијата Скај е клучниот канал преку кој полицијата успеала да прибави обемен доказен материјалот за случајот против двајцата пензионирани полицајци

Определена мерка притвор за трите лица осомничени дека издавале службени тајни, а од кои двајца се сега веќе пензионирани полициски службеници, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Станува збор заДарко Групчев и Ејуп Акија, кои во периодот кога биле вработени во МВР на лица кои биле гонети за криминални активности им откриваат кога ќе се одвиваат полициските акци, додека третоосомничениот е Оливер Петров, кој бил врската со двајцата полицајци кои оддавале информации на криминалната група од Грчец, предводена од Шевал Мауреми, за кој се води меѓунардона истрага. Според наши извори, Оливер Петров бил уапсен завчера на граничниот премин Табановце во обид да побегне од државата. Тошковски не откри дали истрагата ќе опфати и други лица од полициските служби, но рече дека веќе е прибавен обемен доказен материјал.

Advertisements

„ Во рамки на доказниот материјал којшто се анализра од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција постојат навстина обемен број на докази. Сите оние докази оние докази коишто се анализирани се прибавени од онаа Скај апликација којашто ни е дадена од страна на нашите меѓународни партнери, така да сметам дека во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста, а поврзани со организиран криминал и висока корупција„, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи .

Полицијата вчера откри дека на 3 ноември бил извршен претрес во домовите на овие три лица, при што биле пронајдени и одземени повеќе мобилни телефони, лаптоп и разновидна документација. Тројцата осомничени во периодот од декември 2019 до март 2021 година биле поврзани со криминалната група од Грчец, во која имале улога да оддаваат службени информации од полицијата за актуелни криминалистички истражувања со посебен акцент за оддавање податоци дали и против кои личности ќе се спроведуваат истражни дејствија. Каналот за комуникација бил апликацијата Скај, преку кој и полицијата успеала да дојде до овие лица кои сега веќе завршија во притвор. Од рациите извршени во куќите на осомничените било утврдено дека Дарко Групчев поседува недвижен имот толку голем што не одговара на неговите приходи како полицаец. Пред пензионирањето, Ејуп Акија извршувал неколку раководни позиции во МВР, а по пензионирањето стана шеф на Меѓународната полициска асоцијација за Северна Македонија. Во меѓувреме, името на Оливер Петров се поврзува со многу други кривични дела, од кои едно е обид за убиство на синот на поранешниот шеф на службата за безбедност, Зоран Верушевски, во 2005 година./Алсат.мк

Михаило Донев

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button