ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апсење во Гостивар поради сомнеж за трговија со наркотици

Жител на Гостивар е приведен откако полицијата кај него пронашла хероин. Како што се наведува во соопштението:

На 28.01.2021 околу 20.00 часот на улица „Балиндолска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.Н.(22) од Гостивар, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button