ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Арберија дизајн“, го доби тендерот од 100 илјади евра за организација на прославата за Охридскиот договор

Тетовската фирма„Арберија дизајн“,повторно победи на јавната набавка – овојпат за организација на годишнината од Охридскиот договор. Министерството за политички систем, предводено од Артан Груби, повторно ја ангажираше истата компанија со која склучи два договори со јавни пари, едниот е во висина од 70 илјади евра, а вториот договор, за нарачка на услуги до 30 илјади евра. Според понудата, која е составен дел од вториот договор, „Арберија дизајн“ ќе му наплати на Министерството на Груби околу 5 илјади евра за спектакуларниот концепт за 22-годишнината од Охридскиот договор, кој ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје на 13 август.

Advertisements

Јавна набавка:

„Првиот договор се однесува на резервации на угостителски услуги, кетеринг, храна и услуги поврзани со опремата за организирање настани. Вториот договор предвидува други точки кои обезбедуваат општи логистички услуги и креативна поддршка.“

Слична сума од околу 5.000 евра е предвидена, како што стои во понудата, за „стихотворба на познат поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ . За изработка на видео клипот на песната се планирани околу 4000 евра. Договорот објавен на платформата за јавни набавки предвидува изработка на аудио-визуелно видео за постигнувањата од Охридскиот договор, за што се издвоени околу 6.000 евра. Предвидено е и печатење на промотивен материјал за обука за млади лидери, мултиетнички фестивал и други настани за периодот август-септември.

Но, кога станува збор за јавните пари на институциите кои ги водат кадрите на ДУИ, компанијата „Арберија дизајн“, според порталот 360 степени, секогаш добива тендер, како што е случај со тендерот на Комисијата за хартии од вредност, каде претседателка е Нора Алити – поранешен пратеник на ДУИ, потоа во Министерството за надворешни работи, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, како и на Државната лотарија, на чело со Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинетот на Артан Груби.

Јавна набавка:

„Договорот за државна лотарија со Арберија дизајн беше потпишан на крајот на јуни во износ од околу 290 илјади евра за период од 12 месеци, за „услуги од маркетинг агенција за преименување на корпоративниот бренд и рекламна кампања “. Компанијата од Тетово повторно беше единствената која достави понуда. Во мај, „Арберија дизајн“ победи на тендерот на Универзитетот „Мајка Тереза“ за печатење материјали за потребите на високообразовната институција и договорот изнесува околу 14 илјади евра.“

Според 360 Степени, Министерството за надворешни работи на Бујар Османи, пак, има склучено договор со оваа компанија за закуп на техничка опрема за настани за поддршка и за аудио-визуелна продукција и емитување во живо, за период од една година, во вкупна вредност од околу 135.000 евра. Арберија дизајн, ја организираше и минатогодишната прослава за годишнината од Охридскиот договор во вкупен износ сличен на оваа година. Компанијата стана позната во јавноста како еден од најголемите добавувачи на Министерството за образование, пред се во печатењето на текстови, сертификати и други училишни материјали, за што доби милионски договори во изминатите години.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button