ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска најави учество на изборите со Нова Алтернатива

Арсовска најави учество на изборите со Нова Алтернатива

Учеството на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на политичката промоција на Нова алтернатива, каде за претседател беше избрана Данела Арсовска, предизвика реакции. Од СДСМ велат дека учеството на Зечевиќ е партиска одлука и одраз на политичка култура, што според Славјанка Петровска не значи и коалиција на СДСМ со Арсовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека учеството на генералниот секретар на СДСМ во партиската активност на Арсовска ја потврдува нејзината соработка со СДСМ.

„Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска, главна вест насекаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и оригиналниот креатор на таа партија. Значи, може да се разбере колку тежи таа партија, кога главната вест за нејзиното формирање е присуството на секретарот на СДС. Јасно е и дека Арсовска може да стане партиски лидер само со измама. Јавна стана тајната коалиција СДС-Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска вчера го презеде раководството на партијата Нова алтернатива. Најави дека партијата ќе учествува на изборите на 8 мај, но рано е да се зборува за можни коалиции.

Арсовска е градоначалник на Град Скопје од локалните избори во 2021 година. На функцијата дојде со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но подоцна, соработката меѓу нив беше прекината./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button