ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Арсовска со атак кон Мицкоски: Никогаш нема да излезеш од тендер матрицата

Јавните обвинувања и остриот речник на релација Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ продолжија и на денешната седница на Советот на Град Скопје.

По двете прашања од двајца опозициски советници во Градот, од СДСМ и ДУИ, третото кон Арсовска го упати Луке Галески од ВМРО-ДПМНЕ. كيفية لعب القمار

Тој започна да зборува за тендерот за пречистителна станица тежок, како што рече, 160 милиони евра, поради кој Арсовска го разреши директорот на „Водовод и канализација“ Златко Перински и генералниот секретар Ѓоко Велковски – двајцата кадри на ВМРО-ДПМНЕ, за кои таа обвини за самоволие и сомнежи за несовесно постапување во набавката и обиди за влијание. Меѓутоа, Галески ја обвини нејзе дека вршела влијание бидејќи побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица, која ја барала пред повеќе од еден месец пред да го разреши Перински. Тој ја праша и зошто чекала месец и половина за да го разреши ако се точни нејзините тврдења.

„Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. بوكر هولدم Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер“, рече Арсовска. مواقع مراهنات كرة القدم

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button