ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ ќе организира две големи конференции во Скопје и Аман

Северна Македонија која ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година ќе биде домаќин на две големи конференции. المراهنة Првата ќе се одржи во земјава, во декември, идната година каде сите претставници од 57-земји членки од Ванкувер до Владивосток, ќе дојдат во Скопје, а втората Северна Македонија како актуелен претседавач со Медитеранската група на партнери на ОБСЕ ќе ја организира во Аман, во Јордан, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Конференцијата во Скопје ќе биде и логистички и политички предизвик. كازينو على الانترنت Редовната конференција со групата на земји од Медитеранот одлучивме да не ја одржиме во Скопје, туку во Аман на 25 и 26 октомври каде што Република Северна Македонија ќе биде организатор. Моментот е многу важен, а партнерите од Медитеранот покажуваат додадена вредност за една неопходна безбедност за нашиот регион и ќе покаже улога на сопственост на целиот овој процес, рече Османи на настанот „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“ осврнувајќи се на активностите на земјата како претседавач со регионалната безбедниосна организација.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button