ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артан Груби: „На Али Ахмети не му треба народот…“

Артан Груби: „На Али Ахмети не му треба народот...“

Стана главен лик за сите случувања минатата недела во ДУИ. Но, првиот вицепремиер Артан Груби со неколку збора ја опиша кризата во ДУИ, но и кризите со кои се соочува државата.

„Во овие околности во кои се наоѓаме на Али Ахмети не му треба ДУИ, туку ДУИ има потреба од Али Ахмети. На Али Ахмети не му треба народот, туку народот има потреба од Али Ахмети“, рече Артан Груби, вицепремиер.

Груби тврди дека не треба да се дефокусираат околностите во кои се наоѓа државата, а на обвинувањата адресирани во писмото на „огнената група“ одговара со најавата наведена од Ахмети дека ќе се кандидира и за нов мандат како лидер на ДУИ.

„Во време кога се соочуваме со енергетска криза, со ценовна криза, со безбедносна криза, кога се соочуваме со неопходниот скрининг и ветинг во политиката кај политичарите, судиите и обвинителите, како и борбата против криминалот и корупцијата, кога се обидуваме да го отвориме уставот со 80 пратеници, кога сме на крајот со Скопје-Тирана по автопат и Скопје-Приштина, кога ги заокружуваме сите овие проекти, не ни треба непотребно дефокусирање. Ги концентриравме сите наши сили за реализација на сите овие програмски прашања“, додаде тој.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, одговори на обвинувањата објавени во различни медиуми дека „огнената група“ е мотивирана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се поткопаат уставните измени. Меџити во „Патот кон“ рече дека вакви обвинувања доаѓаат од Груби, кој во 2016 година сакал по секоја цена да формира Влада токму со ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога воспоставив контакт со Зоран Заев со дозвола на Али Ахмети, иницирав средба со СДСМ за конечно да се отфрли Никола Груевски од политиката и да формираме проевропска и про-НАТО Влада. Додека ние ја работевме оваа работа, Груби беше во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада со нив“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

„Огнената група“ преку јавен допис појасни дека војната во ДУИ не го оспорува првиот човек на партијата Али Ахмет, туку извршната власт на чело со Груби./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button