ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Асани: Британскиот сој поопасен отколку што очекувавме

Мерките коишто ги донесовме се ригорозни, но ги преземаме за да го намалиме притисокот врз болниците и да го заштитиме здравјето на луѓето, рече заменик министерот за здравство, Илир Хасани. Како што кажа тој, британскиот сој е поопасен од тоа што првично се очекувало и апелираше престојниот период да се ограничат посетите кај повозрасни категории граѓани, кои се најчувствителната категорија.
„Се наоѓаме на праг на големи верски празници, но и вие сте свесни дека се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние сме пред два избора – или ќе ограничиме движење или ќе се затвориме за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека големите верски празници ќе ги поминеме без големи ограничувања“, рече Асани.