ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

АШ-ААА ја обвинуваат ДУИ за уништување на албанската култура

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива (АШ-ААА) ја обвини ДУИ за уништување на албанската култура, злоупотреба на средства во случајот со реконструкцијата на албанскиот театар, кој трае седум години. Од албанската опозиција велат дека на функционерите на ДУИ треба да им биде забранет влез во албанскиот театар бидејќи, како што велат, тие имаат место во судовите обвинети за бројни злоупотреби и политизација на институциите.

“Денес сме тука да ви кажеме дека е забранет влезот на високи функционери на ДУИ кои ја држеа оваа тврдина на албанската култура како заложник повеќе од една деценија. Ги видовме многу пати како злоупотребуваат спортски, културни настани, па дури и манифестации на деца, иако тие немаа ниту право ниту било каква заслуга за тие настани, но денес има разлика, освен што не го заслужуваат ова повторно отворање, тие се виновни и за доцнењето повеќе од седум години, тие се виновни за злоупотребата на парите на граѓаните, што ги оставија уметниците невработени и љубителите на уметноста без претстави, тие исто така имаат и голема национална вина, вина за уништувањето на албанската култура со секоја акција и одлука, вие господа уништувачи на албанската култура мора да одговарате и одговорите, за вас нема место во седиштата на театарот, туку во обвинителните клупи“, изјави Фатих Ќаили-Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button