ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Асистентите од медицинскиот факултет при ДУТ бараат исплата на академската 2022/2023

Асистентите во практична настава на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово го изразија својот револт пред ректоратот на УТ поради неисплатата, како што рекоа, на академската година 2022-2023. Асистентите на УТ ја бојкотираат наставата веќе еден месец додека услов за нивно враќање на предавањата е исплатата на преостанатите плати или во спротивно, асистентите на Медицинскиот факултет нема да се вратат на предавања. Нивното отсуство значи губење на предавања на студентите по медицина. Реагираше и ректорот на УТ, Јусуф Зејнели. Вети дека исплатите ќе бидат наскоро извршени.

„Ние ангажираните асистенти на Факултетот за медицински науки на УТ, ја бојкотираме практичната настава на овие факултети, од почетокот на оваа академска година. Причина за овој бојкот е неисплаќањето според договорот за 2022-2023 година од страна на оваа институција. Ги известуваме студентите и јавноста дека овој бојкот ќе продолжи се додека не се извршат исплатите на сите претходни семестри“, рече Висар Џафери- асистент на Медицинскиот факултет на УТ.

„Од првиот ден кога го добив мандатот, една од моите заложби беше да се создаде стабилна финансиска состојба на Универзитетот, всушност тоа беше постигнато и платите се зголемени за 22 отсто. Постепено направивме подобра состојба, што значи дека почнаа да се реализираат и исплатите за вонредните професори и многу брзо овој дел ќе се реализира во целост и нема да должиме никому“, изјави Јусуф Зејнели- Ректор на УТ.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button