ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Атанасов: Да бидеме рационални – Македонија и Албанија што е можно поскоро да влезат во ЕУ

Ние сме за тоа Северна Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, изјави лидерот на бугарската партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), Атанас Атанасов.

Advertisements

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, Атанасов за телевизијата бТВ нагласи дека руските служби работат со полн капацитет во сите земји во регионот за да ги спречат државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ.

– Треба да се размислува рационално – ние сме за тоа Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, додаде Атанасов, чија ДСБ е дел од блокот Демократска Бугарија, една од членките на бугарската владина коалиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button