ВЕСТИРЕГИОН

Претседателски, парламентарни и делумни локални избори во Србија

Во Србија денеска се одржуваат претседателски, парламентарни и избори за градот Белград и уште 11 градови. Од седум до 20 часот 6.501.689 запишани гласачи избираат претседател на Србија со мандат од пет години, пратеници во српскиот Парламент со мандат од четири години, советници во градското собрание на Белград и на уште 11 градови и општини низ земјата.

Ќе се гласа на 8.267 избирачки места, но првпат не и во Косово поради одлуката на косовската Влада. Српските гласачи од Косово ќе гласаат во Тутин, Рашка, Куршумлија и Бујановац.

На претседателските избори учествуваат осум кандидати, а нивниот редослед е одреден со ждрепка.

За парламентарните избори предложени се 19 коалициски и партиски листи, а редоследот на гласачкото ливче e утврден според редоследот по кој тие беа доставени до Републичката изборна комисија (РИК).

На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button