ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 224 возачи во Скопје, 63 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје полицијата изрече вкупно 224 санкции во областа на сообраќајот.

Како што информира МВР, за возење со брзина поголема од дозволената се изречени 63 санкции, 32 за возење под дејство на алкохол, а 16 за управување возила без возачка дозвола.

Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и седум казни за минување на црвено светло.

Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button