ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Последен ден од вакциналниот караван – завршува во Струга

Денеска е последен ден од караванот за вакцинација против коронавирусот во земјава. Караванот ќе заврши во Струга, по посетени 14 градски и рурални подрачја низ целата држава.

Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентират веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето.

Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button