ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Авионска линија Скопје-Софија, Пешев: Добар Пи-Ар, но за економијата се поважни автопат и железница

За извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, идејата за воведување авионска линија помеѓу Скопје и Софија е добар Пи-Ар, но не очекува дека тоа драматично би ја променило економската слика. Говорејќи на темата, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Пешев рече:

„Супер е како Пи-Ар, но ценам дека драматично нема да промени. Кога имате дестинација 200 километри и ако имате добар пат, тоа станува илузорно. Да не говориме, ако има брза железница, тоа би било апсолутно небитно. Генерално гледам позитивно, но не сметам дека тоа драматично ќе ја помени економската слика. За нас ќе биде многу важно од економски аспект фокусот да падне на железницата и на автопатското решение“, вели Пешев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button