СПОРТ
Австриецот Даниел Чофениг е победник во полскиот центар “Закопане”

Австриецот Даниел Чофениг е победник на натпреварувањето во полскиот зимски скијачки центар Закопане.
Победникот на новогодишната турнеја ја забележа петтата победа на Светското првенство во Закопане. Чофениг славеше со скокови од 136 и 139,5 метри и 316,7 поени.
Второто место му припадна на Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 7,3 поени заостанување зад победникот (скокови од 137 и 136 метри), додека Австриецот Јан Херл го освои третото место со 7,4 поени зад Чофениг (136 и 140 метри). Словенецот Анже Ланишек, кој водeше по првата серија, заврши на четвртото место со 305,2 поени.
Во генералниот пласман води Чофениг со 1.056 бодови, втор е Херл со 976, а трет е Германецот Пиус Пашке со 848 бодови.