ВЕСТИСВЕТ

Австрија најави вето за Романија и Бугарија за пристапување во Шенген зоната

Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер изјави дека земјата ќе стави вето на членките на ЕУ, Романија и Бугарија за пристапување во Шенген зоната без пасоши. Тој ја даде изјавата додека пристигнуваше на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

На состанокот се очекуваше да се одобри пристапот на Хрватска во Шенген зоната, која моментално вклучува 22 од 27-те земји-членки на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд кои не се членки на ЕУ.

Минатиот месец Европската комисија донесе одлука дека сите три земји ги исполнуваат техничките критериуми за приклучување, а за нивно членство гласаше и Европскиот парламент.

Софија претходно се закани со контрамерки против Холандија и Австрија доколку тие земји стават вето на пристапот на Бугарија во Шенген зоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button