ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат до 22:00 часот

Јавното сообраќајно претпријатие, Скопје, ја информира јавноста дека од денеска, јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот.

Како што се наведува во соопштението,

Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22.03.2021 година.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 22 часот.

Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.

ЈСП ги потсетува корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button