ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Автобусите на ЈСП во понеделник со неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека во понеделник (23.10.2023 год), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат две билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.
Дежурни од 8 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 – 17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надолу.