ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Автопатите и зголемените плати на функционерите, лајтмотив на првомајските протести

Во пресрет на Денот на трудот, Први мај, синдикатите ја заоструваат реториката за правата на работниците. Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) бара со измената на Законот за работни односи да не се зголемува времетраењето на работното време, бидејќи работодавачите ќе го злоупотребуваат. Претседателот на овој синдикат Марјан Ристески вели дека за добро на конзорциумот Бехтел-Енка, не треба да се кршат правата на работниците, бидејќи тие ќе добиваат минимална плата за дополнителното време.

Advertisements

Сенационални протести во Македонија ретко се одржуваат. Но и кога тоа се случува, синдикалците се поделени. Овој пат во два табора. Конфедерацијата на слободни синдикати ќе протестира од 10 часот, а со истите барања, од 12 часот во Скопје ќе протестира и Сојузот на синдикатите на Македонија. Третите, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, апелираше денеска работниците да не се делат кога ги бараат истите права.

Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа сите граѓани да се обединат и да се спротивстават на биномот држава-работодавач кој според нив е на штета на работниците. Тие потенцираат дека мотив на протестот се зголемувањето на платите на државните функционери за 78% или за 2.000 денари дневно; поради 12 часовната работа дневно за голем дел од работниците, измемените работници на кои не им се плаќа здравствено осигурување, против формите кои не ги зголемуваат платите, немањето колективни договори, како и избегнувањето на обврската да се плаќа К-15.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button