ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Автопатот Кичево-Охрид ќе пробие уште еден рок

Кој ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, кинеската компанија Синокидро или можеби некоја друга, од Влада сè уште не соопштуваат. Договорот со Кинезите истекува на 31 декември, но автопатот е далеку од готов. Од Владата велат дека во тек е подготовка на експертски извештај, кој потоа треба да се достави и до Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Владата.

„Истиот ќе биде доставен на разгледување на седница на Владата по што ќе се одлучува за начинот на изградба на една од следните седници. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид е приоритет и во таа насока се преземаат сите неопходни активности за негова доизградба“, велат од Владата.

Експертите велат дека е најважно негово итно завршување. Веќе со години, возењето по оваа патна делница е небезбедно.

„Ние со самото излегување на овој автопат сме небезбедни. Самата сигнализација и хоризонтална и вертикална многу малку влијае за безбедност на сообраќајот бидејќи самата таа која е поставена е невлијателна…“, рече Љупчо Милкоски-консултант за безбедносни појави

Премиерот Димитар Ковачевски минатиот месец рече оти не гледа вина во себе и во неговите министри што автопатот нема да биде готов до крајот на годината како што од власта ја уверуваа јавноста. Тој најави можност за раскинување на договорот со кинеската компанија Синохидро, а за одговорноста рече дека треба да се бара кај изведувачот и проектаните. Кичево-Охрид се гради цела една деценија, поточно од 2014 година и за него досега се потрошени 600 милиони евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button