ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Азески и Мицкоски на средба за кризата

Азески и Мицкоски на средба за кризата

Енергетската криза, најавите за нови даноци, недела неработен ден, ова се главните три проблеми во стопанството за кои бизнисмените разговараа со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески соопшти дека мора конечно како држава да се однесуваме дека Македонија е кандидат за членство во Европската унија. И тоа подразбира дека се потребни владеење на правото, реформи во образованието, како и развојот на економијата да бидат приоритети на Владата.

„Треба да сме свесни дека оваа енергетска криза ќе потрае сигурно уште една година, треба да се подготвиме за тоа затоа што тоа што го испуштивме во овој период не да може да го надополниме и ќе имаме проблеми оваа година. Конечно околу општата состојба, имаме заеднички став со најголемата опозициска партија дека е време за еден нов економски договор на државата“, нагласи Бранко Азески претседател на Стопанската комора.

Бизнисот се соочува со тешки проблеми затоа што политиките на власта не се насочени кон стопанството, смета претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски. Тој предупредува дека кризата со струја ќе потрае и следната година, па ѝ порачува на Владата уште од сега да се подготвува за проблемите.

„Енергетската криза сама по себе не треба да биде де-фокус од неуспешните политики на власта, неработењето и лоповлукот со фирмите, инстант отворени, коишто ги користат за транспорт на јаглен и набавка на мазут“, изјави Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнисмените на неколку пати испратија барања до Илинденска број два за подобрување на економијата во државата. Дел од барањата беа исполнети, но за добар дел сè уште се чека зелено светло од надлежните.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button