ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Утре истекува рокот за понуди за наследник на „БЕГ“

Утре истекува рокот за понуди за наследник на „БЕГ“

Утре до 13 часот завршува рокот за доставување на понуди на јавниот повик на Владата за избор на компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп. Новата компанија ќе има обврска да произведува, дистрибуира и да ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје и тоа: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир. Засега најсериозен и можен кандидат за преземање на бизнисот е државната компанија ЕСМ која ќе има своја понуда на тендерот. Државата летово ѝ ги одзема лиценците за работа на БЕГ поради финансиска неликвидност на фирмата како резултат на високата цена на природниот гас./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button