Бајден и потпретседателката Камала Харис го пречекаа новинарот Еван Гершкович и уште двајца Американци кои се вратија на американска територија откако беа ослободени од Русија
Бајден и потпретседателката Камала Харис го пречекаа новинарот Еван Гершкович и уште двајца Американци кои се вратија на американска територија откако беа ослободени од Русија
Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис го пречекаа новинарот Еван Гершкович и уште двајца Американци кои се вратија на американска територија откако беа ослободени од Русија во историска размена на затвореници. Гершкович, поранешниот маринец Пол Вилан и новинарката Алсу Курмашева беа пречекани со аплауз од семејството и пријателите .
Новинарот на Wall Street Journal Гершкович му оставил порака на рускиот претседател Владимир Путин во официјалното барање за помилување, барајќи од него интервју пред да излезе од затвор во Русија, пишува денеска WSJ.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ е подготвен да го разгледа барањето за интервју на кој било претставник на странски медиуми, вклучително и Гершкович
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, на аеродромот „Внуково“ во Москва ги пречека осумте руски граѓани ослободени во големата размена на затвореници меѓу Москва и Западот при што тој им се заблагодари.